Објектот за колење на животни "Кланица АГРИА" Велес е објект во сопственост на Агриа - Агроиндустриска Групацаија ДОО Велес. Лоцирана е во месноста Долна Бабуна, на левиот брег од реката Бабуна на самиот нејзин влив во реката Вардар, на десната страна од регионалниот пат Велес, Градско, 4км од Велес.
Нејзината дејност е во рамките на прехранбениот сектор - набавка и колење на животни - домашни чапункари (свињи и овци) од разни старосни категории и добивање на храна -свежо месо и органи, како и нуспроизводи од колењето и нивно пласирање на домашниот пазар.